Претседателски избори 2024
Пендаровски: Ни треба сплотеност за влез во Европската Унија, но опозицијата влече назад
Влезот во Европската Унија значи заокружување на стратешките цели, а со минимум слога и од опозицијата, лесно, за четити до пет години ќе станеме членка на ЕУ, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски обраќајќи им се вечерва на прилепчани на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
Перндаровски рече дека со влезот во ЕУ, достапни ќе бидат фондовите и полесно ќе се избориме со „белата чума“ – заминувањето на младите.
-Ако Македонија во догледно време не стане членка на Европската Унија, сами со свој потенцијал не ќе можеме тоа да го спречиме во поголем процент. Затоа, императивно е, на достоинствен начин, како што тоа го направивме во НАТО, да влеземе во ЕУ, а сите предуслови за тоа се тука, пред нас. Не треба ништо да си одземеме од тоа кои сме и што сме. Јазикот и идентитетот ни се гарантирани. Главната задача да ни биде да ја намалиме невработеноста, да ги зголемиме инвестициите, да направиме просечни плати од 1100 евра. Можно е во само еден мандат, ама ако не се глодаме меѓу себе. Ве уверувам дека овој концепт што го зборувам 10-ина години е единствениот и исправен пат за Македонија. За жал, нашиве квазипатриоти од другата страна имаа поинакви планови, де факто, од различни мотиви, се сојузија со Бугарија, рече Пендаровски.
За него единствен страв на овие избори е што опозицијата, наместо заедништво и сплотеност, влече назад.
-Една опасност доаѓа од опозиционата страна и на тоа предупредувам. Говорам за главната опозициска партија која нуди враќање назад. Ниеден договор досега не им чини. И по 23 години сакаат да го менуваат Рамковниот договор. Им пречи името Северна Македонија, а не им пречат функционерските плати што ги земаат, рече Пендаровски.
Веднаш по изборите мора да се решат односите со Бугарија.
-Бугарската политика направи катастрофална грешка со нас, Македонците, и кон Македонија. За жал, нашиве таканаречени домашни патриоти, од свои причини, за да се дограбат до власта, а потоа ќе му ја мислиме, практично се солидаризираа и ги поддржаа напорите на таа наша сосетка која нѐ блокираше. Ние мораме да направиме сѐ, по овие избори тоа да го деблокираме, затоа што не ни се пишува добро ако самите се обидуваме, оваа бела чума, да ја спречиме. Децата овде може да просперираат само ако имаат пристојни услови за достоинствен живот, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?
-
Гостиварпред 2 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Гостиварпред 3 месеци
Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба
-
Гостиварпред 1 месец
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот