Репортажи
По светски терк: ФК Генч Калемлер на подготовки во Анталија
Второлигашот од Гостивар, екипата на Фудбалскиот клуб Генч Калемлер максимално се подготвува за почетокот на вториот дел од првенството.
После првиот дел од подготовките кои ги одработија во Гостивар, вториот дел од припремниот период екипата од Долна Бањица го остварува во Белек, Анталија, Турција. Анталија важи за еден од најреномираните подготвителни спортски центри во Европа, за време на зимската пауза најголемите фудбалски екипи од Европа ги користат пријатната клима и фантастичните услови за работа во Анталија. Меѓу нив, еден од ретките клубови од државава кој си го дозволи тоа е фудбалскиот клуб Генч Калемлер од Гостивар.
Генч Калемлер со целиот стручен штаб замина на 14 февруари, имаа закажано два тест натпревари со екипите на Беледиеспор и норвешки Дробак.
„Условите за работа се прекрасни, максимално професионални. Имаме на располагање 5 професионални терени и теретани. Работиме три пати на ден, два тренинга и еден фитнес. Нема штедење се работи напорно, зошто не чека тешка сезона во вториот дел. Имавме закажано и два пријателски натпревари, едниот го одигравме со младинците, утре играме против екипа од Норвешка и ќе излеземе во најсилен состав. Во недела патуваме за Истанбул, каде ќе не пречекаат пријателите од Генч Калемлер Џенгис куп, вечерта тргнуваме за Гостивар, вели од Анталија шефот на стручен штаб, Бирол Топчиу.
Покрај напорните тренинзи фудбалерите и стручниот штаб максимално го користат слободното време. Го искористија престојот таму за посета на историските знаменитости кои ги нуди овој дел на Турција, а ги посетија властите на градот како и фудбалскиот клуб Анталијаспор. Фудбалерите на Генч Калемлер имаа можност да истрчаат и на Анталија Арена (32.539), стадионот каде се натпреварува овој прволигаш.
Се разбира, фудбалерите не ја пропуштаат приликата да уживаат во Средоземното море во февруари.
Вториот дел од првенството започнува во март, Генч Калемлер првиот натпревар го игра на на 9 март во Гостивар, против екипата на ФК Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар