Поврзи се со нас

Спорт

Победникот во полуфинале, поразениот на летен одмор: КК Гостивар – Работнички 18 часот

Објавено

на

Денеска завршува неизвесноста околу патникот во полуфиналето од четвртфиналната двојка помеѓу КК Гостивар и Работнички, во мајсторката закажана за 18 часот, во која мора да има победник.

КК Гостивар поведе во оваа серија добивајќи го првиот дуел пред своите гледачи во Младост (76-69), за во реваншот во Скопје да го одигра можеби најлошиот натпревар во најважниот момент сезонава. Работнички и тоа како знаеше како да го искористи тоа, убедливо добивајќи го вториот натпревар (80-53), со што ја закажа денешната мајсторка во Гостивар.

Аналитиката вели дека овие две екипи сезонава водат целосно израмнета битка, од четири одиграни натпревари двете екипи имаат по две победи, издвојувани пред своите гледачи, аргумент кој е на страната на домаќинот пред денешниот дуел, бидејќи гостиварци ги краси и ореолот непобедливи на домашен терен во сезоната 2022/23.

И букмејкерите на неколку светски обложувалници го гледаат КК Гостивар како за нијанса поголем фаворит во денешниот дуел доделувајќи му коефициент 1.79 за победа, наспроти 1.92 за победа на Работнички.

Како и да е, по денешната мајсторка едно е сигурно. Победникот патува во полуфинале, а поразениот на долг летен одмор за кого завршува сезоната.

Натпреварот во Спортската сала Младост во Гостивар е со почеток од 18 часот, во живо може да го следите ТУКА.

Победникот од оваа средба ќе игра против МЗТ Скопје во полуфиналето.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена