Гостивар
Полицијата предупредува на одрони и голомразица на патните правци кон Дебар, Стража и Попова Шапка

Поради маглата и последните врнежливи денови, можно е појава на голомразица најчесто на високoпланинските патишта доцна вечер и во раните утрински часови, но и одрони од камења на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да бидат крајно внимателни ако патуваат кон Стража, Маврово или Попова Шапка, задолжително да поседуваат зимска опрема и да ја прилагодат брзината според условите на патот.
– На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверат техничката исправност на нивните возила и посебно оние кои вршат јавен превоз на патници со автобуси и комбиња, дотолку повеќе што неодамна започна второто полугодие од учебната година, па нивните услуги секојдневно ги користат и голем број ученици, стои во известувањето од СВР Тетово.
Од СВР Тетово нагласуваат дека полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет спроведуваат засилени контролни активности, во чие средиште се техничката исправност, односно неисправност на возилата, како и брзината со која се движат во и надвор од населените места.
Техничките неисправните веднаш се исклучуваат од сообраќај и ќе се соочат со соодветни поднесоци, како и возачите кои ја надминале максималната дозволена брзина или кај кои е констатирано присуство на алкохол.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар