Гостивар
Полициски билтен: Приведени 6 лица поради учество во две одделни физички пресметки во Гостивар

Министерството за внатрешни работи, информира за приведување на вкупно 6 лица, поради физички напад и инволвираност во физичка пресметка во два одделни случаи во Гостивар, во изминатото деноноќие.
Во првиот случај, ноќеска (19 април), половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.Ф.(29), 22-годишната Х.Ф. и Х.Ф.(53) од Гостивар, откако претходно Х.Ф.(53) пријавил дека во нивниот семеен дом бил физички нападнат од И.Ф.. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Додека во вториот, вчера (18 април) во периодот од 19 часот и 45 минути до 20 часот и 35 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле Н.Х.(35) од Гостивар и Ш.А.(59) и М.М.(51) од гостиварски Равен, а поради сомнение за нивна инволвираност во физичка пресметка на улица „ЈНА“ во Гостивар, која била пријавена околу 19 часот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар