Македонија
После Водици собраниски седници за подготовка и избор на преодната влада
Од 22 до 28 јануари ќе се одвиваат формалните подготовки за техничката Влада во Собранието, соопшти Кабинетот на претседателот на Парламентот по првата средба со координаторите на пратеничките групи.
Во периодот од 22 до 28 јануари на пленарна седници ќе се реализираат следниве процедури: констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрнаие, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5. За сите активности и прецизни рокови ќе информираме навремено, посочуваат од Собранието.
Од Кабинетот на Џафери информираат дека седница за пратенички прашања нема да има до крајот на овој мандат на Собранието.
Првата седница за пратенички прашања ќе се одржи по сто дена мандат на влада избрана на парламентарните избори, се наведува во информацијата од координативната средба.
На денешната координативна средба не присуствувале претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на албанската опозиција, која најави бојкот на Собранието поради тоа што не е прифатен нивен кандидат за член на Државната изборна комисија.
Засега исто така нема информација кога ќе бидат поднесени измените на Изборниот законик во Собранието.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград