Поврзи се со нас

Гостивар

Поставени иновативни замки за заловување и заштита на рисовите во НП Маврово

Објавено

на

Група студенти од природни и технички науки во координација со Македонското еколошко друштво во изминатата недела поставија три прототип замки за заловување рисови во Националниот парк – Маврово.

Дизајнот на замката е избран за победничко решение на Иновацискиот камп што се одржа со поддршка од УНИЦЕФ на кој студентите се посветија на изнаоѓање иновативен начин да се заловат рисовите кои се загрозен вид на раб на изумирање за понатаму да се следат, истражуваат и заштитат од истребување. Прототип замката помага безбедно да се залови рисот и да му се стави ГПС околувратник за екологистите да го проучуваат и следат нивното движење, информираат од УНИЦЕФ.

Тие појаснуваат дека целта на Иновациските кампови е младите да се поттикнат да развиваат иновативни идеи за климатска акција и заштита на околината; да се зајакне нивната соработка со приватниот сектор за да се обезбеди одржливост на иновативните идеи и да се оснажнат активно да учествуваат и самостојно да се залагаат за спроведување на своите иницијативи.

Патриција Ди Џовани претставничка на УНИЦЕФ  вели  дека кога младите работат на креативни и иновативни решенија поврзани со природната околина, тие градат зелени вештини и свест за поврзаноста на сите. Луѓето, животните и растенијата се дел од еко системот, а токму тој е под закана од климатските промени и од штетните активности на човекот.

-Верувам дека оваа иницијатива ќе овозможи младите да станат активни двигатели на промена што ќе внесат иновација, креативност, соработка и истражувачка дејност во својата професионална работа, потенцира Ди Џовани.

Иван Јованов извршен директор на Здружението Лидери за едукација,активизам и развој, информира дека студентите покажале креативност и разбирање за предизвикот и со своето знаење и посветеност во изминатите неколку месеци  и изразиле  желба за придонес кон зачувување на животната средина.

Иновацискиот камп  е организиран во рамките на проектот „Иновациски кампови во соработка со Мрежата за искуствено учење“ кој се реализира од страна на Здружението Лидери за едукација (ЛЕАД), активизам и развој во партнерство со УНИЦЕФ и со финансиска поддршка од Шведска.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Парламентарни избори 2024пред 2 часа

Прегласување во седум избирачки места за Парламентарните избори 2024

Гостиварпред 14 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 18 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 20 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 20 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Македонијапред 21 час

Метео предупредување за невреме

Гостиварпред 21 час

Два случаи на семејно насилство вчера на подрачје на Гостивар

Македонијапред 1 ден

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 1 ден

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена