Поврзи се со нас

Гостивар

Предавање за верниците од Тетово и Гостивар ,,Постот во православната црква”

Објавено

на

Во Лешочкиот манастир Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф одржа предавање на тема ,,Постот во православната црква”. Како што соопштија од епархијата пред верниците кои беа присутни од Тетово и Гостивар Митрополитот говореше за постот и неговата суштина и неговите плодови за секој христијанин.

Во 40 минутното предавање Митрополитот меѓудругото нагласи:

Секој пост си има своја тежина и своја суштина. Постот е израз на љубов на созданието кон Создателот. Постот е востановен од Бога со запо­ведта да­дена на првите луѓе во земниот рај – да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2: 17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушност и воздржување. Во Стариот Завет имаме многу примери за пост: све­тиот пророк Мојсеј Боговидец постел 40 де­­на и 40 но­ќи (2. Мој. 34: 28), за да се подготви да ги прими Де­сет­те Божји заповеди; светиот пророк Или­ја со строг пост, духовна чистота и голема рев­ност за Господа се удостои да ја види Божјата сла­ва (3. Цар. 16: 4-13). А пак, свети Јован Крс­ти­тел е познат како најголем и најстрог испосник. Во­општо, сите праведници постот го запазувале во помала или поголема мерка.
Самиот Господ Исус Христос се подготвил за се­оп­што служење и за искупителниот подвиг пре­ку 40-дне­вен пост (Матеј 4: 2). Суштината на христијанскиот пост не е умртву­вање на телото, како што погрешно се мисли, туку умртву­ва­ње на гревот во нас, зашто гревот предиз­ви­кува пропаст и смрт. Закрепнувајќи ја волјата, пос­тот му дава мож­ност на духот да владее со телото. Постот не е цел туку средство – средство да ја смириме сопствената плот и да се очистиме од гревовите. Без молитва и покајание постот станува една обична диета.
Кога христијанинот пости треба да се откаже од се­­как­ви светски веселби и задоволства, од по­се­ту­ва­ње на мес­та каде што е возможно да згреши со по­мис­ла, збор, или со поглед. Воопшто, треба да се стре­миме, колку е мож­но повеќе, поголем дел од мис­лите да му ги пос­ве­ти­ме на Бога и на тајната ум­но­срдечна молитва. Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови. Ако те обзел лошиот дух, покажи му го лицето на постот, а тој окован со страв и врзан како со железни синџири ќе стане понеподвижен и од каменот, особено кога ќе ја види со него и неговата другарка молитвата.“ Затоа и Христос вели: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21). Па тогаш, штом е постот толку страшен за нашите непријатели и ги прогонува, потребно е да го сакаме и радосно да го примиме, а не да се плашиме од него. Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите свети добродетели.
Според мислењето на митрополитот Антониј кој неодамна го прочитав на едно место вели: Пост е време за напори да се откажеме од сите гревови, но пред сѐ да се потрудиме да се избавиме од лаги.„Црквата нѐ учи дека вистината е – љубов. Љубов кон Бога и ближниот. Нема ништо повозвишено од таа вистина и постот е еден од патиштата да ја достигнеме. Преку постот човекот понира подлабоко во својата душа и согледува што е тоа што пречи во неговото срце да се зацари главната христијанска добродетел – љубовта. А патот кон љубовта е можен само преку вистината и отфрлањето на лагата“.“


По подробното предавање следуваа прашања од страна на гостите, кои направија ова предавање да премине во една поучна систематско-практична дискусија, од која сите  извлекоа многу душеполезни знаења, заклучоци и поуки, наведуваат од епархијата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 3 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 5 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена