Поврзи се со нас

Гостивар

Прошетка и велосипедска тура во Гостивар на Светскиот ден без автомобили

Објавено

на

Со симболична прошетка низ центарот на градот и велосипедска тура, во Гостивар се одбележа Светскиот ден без автомобили.

Настанот го организираше општината во соработка со здружението Гвеко, во рамки на Европската недела на мобилност.

Целта е да се подигне свеста кај граѓаните, во секојдневните активности автомобилите да ги заменат со велосипеди или да пешачат, за да се намали аерозагадувањето.

„Ние како еколошко здружение ќе се залагаме Гостивар да добие трајна пешачка зона во центарот на градот и да се подобри инфраструктурата со велосипедски патеки. За жал, Гостивар е автомобилски град, бројот на автомобили во последната година пораснал за 1.500. Градот се гуши во автомобили. Ако сакаме ова да се промени, пред се‘ треба да ја измениме инфрастуктурата. Сакаме да испратиме порака-секој еден граѓанин што го користи автомобилот за некои 500 метри да стигне до најблиската кафетерија, пред да влезе во автомобилот треба да сфати дека тој носи вина за енормното загадување на воздухот и за многубројните болести кои се последица на аерозагадувањето“, изјави Валентина Штерјоска од здружението Гвеко.

„Како општина годинава имаме две новости во однос на поттикнувањето на велосипедизмот. Обезбедивме нови велосипедски патеки во должина од над 1,5 километри и субвенциониравме купување на велосипеди. Мојата порака би била што повеќе користете велосипеди и пешачете, што помалку користете автомобили“ наведе градоначалникот Арбен Таравари.

Светскиот ден без автомобили е добар повод да потсетиме на бенефитите од возењето велосипед за здравјето. Ги зајакнува мускулите, го подобрува држењето на телото, функционирањето на кардиоваскуларниот систем, го чува менталното здравје и го намалува стресот.

Причина плус е што при возење велосипед организмот ослободува ендрофин, хормон на среќата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена