fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Први внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – Во Гостивар се гласа на 5 избирачки места

Објавено

на

Членовите на СДСМ денеска избираат претседател на партијата на први директни, внатрепартиски избори. Единствен кандидат е актулениот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев.

Во Гостивар внатрепартиските избори се одржуваат на 5 избирачки места, а право на глас имаат 1.200 социјалдемократи од гостиварскиот огранок. Се гласа со помош на новите електронски картички и документ за идентификација.

Општинскиот огранок на владејачката партија од Гостивар потсетува деа ова е историски ден за партијата и најава за целосна демократизација, дека се преземени сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од Ковид 19 и дека изборниот процес се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.

„Ова се првите непосредни избори, кои се историски ден за демократијата во партијата и најава за уште поголема демократизација на партијата. Во изминатите години владеење докажавме дека правото на избор, прифаќњето на критиката, почитувањето на различностите, слободата на говор и сите аспекти на демократијата, ги негуваме и унапаредуваме. Преземени се сите неопходни мерки за уредување и непречено одвивање на изборниот процес на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од Ковид 19“, изјави Станиша Матески, претседател на ОО СДСМ Гостивар.

Изборите се спроведуваат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои се отворени од 08 до 19 часот. Пријавени за гласање се 68.999 членови на партијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!