Поврзи се со нас

Македонија

Распишан првиот јавен оглас за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 проектот

Објавено

на

Распишан е првиот јавен јавен оглас за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 проектот, наменет за модернизација во земјоделството.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, мерката 1 е за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 за диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со првиот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра.

Кај мерката 1 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во ЕРСЗ системот на МЗШВ, кои може да бидат физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), правно лице (микро, мали и средни претпријатија) и индивидуални земјоделци. Корисници можат да бидат задруги или здружени правни лица.

Поддршката од мерката 1 ги опфаќа растителното производство житните, индустриски и фуражни култури, градинарски култури, повеќегодишни култури, лозарство. Потоа кај сточарското производство говедарството, свињарството, овчарството, козарството и живинарство. Други сектори опфатени со мерка 1 се производството на риба, преработката и маркетинг на сопственото земјоделско производство и Инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби, односно инвестиции во поставување на био гас и био гориво, соларна, ветерна и гео-термална енергија.

Минималната вредност прифатлива по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра. Максималната финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000 евра. Финансиската поддршка – кофинансирање кај оваа мерка е 60 проценти од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Кај мерката 7 како корисници се јавуваат физички лица, правни лица, задруги и здружени правни лица за колективни инвестиции.

Како приоритетни сектори кај мерката 7 се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект изнесуваат од 10.000 евра, а максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра.

Максимална финансиска подршка по корисник за цел период до 2027 година изнесува 1.500.000 евра. Стапката на финансиска поддршка кај мерката 7 изнесува до 60 проценти од вкупните прифатливи трошоци.

Стапка нa финансиска поддршка се зголемува на 70 проценти за апликанти кои се млади фармери и колективни инвестиции. Финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10 отсто само за оние инвистиции во обновлива енергија, управување со отпад и циркуларна економија.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Вестипред 12 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 13 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 15 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 16 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 17 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 18 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 19 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 20 часа

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 21 час

Малеарди и Шеста зона без вода поради дефект

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена