Референдум 2018
Референдум 2018: Собир на „Бојкотирам“ утре во Гостивар
Кризниот штаб против Референдумот утре ќе одржи собир во Гостивар под мотото „Македонија бојкотира“. Штабот води кампања за неизлегување и бојкот на Референдумот со став дека договорот со Грција е штетен договор кој носи промена на идентитетот и историјата на македонскиот народ
„Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето. После неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање. Ова не е борба на партии или лидери, ова е борба за Македонија. Нашата борба е исправна, ние се бориме Mакедонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, велат од Бојкотирам.
Во Кризниот штаб против Референдумот се влезени околу 65 организации, политички партии, невладин сектор, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората.
Од Бојкотирам ги повикуваат сите загрижени граѓани да дојдат утре и да ги слушнат штетните факти кои сакаат да им ги наметнат криејќи се позади кампањата За Европска Македонија и овој Референдум.
Собирот во Гостивар ќе се одржи утре (13 септември) во летниот Амфитеатар со почеток од 17.30 часот.
(платена политичка објава)
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди