Поврзи се со нас

Рецепти

Рецепти со прокељ – Минијатурен, а толку моќен сојузник на здравјето

Објавено

на

Прокељот е природен извор на протеини, растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси. Прокељот е мал зеленчук, кој со својот изглед наликува на минијатурна зелка. Овој зеленчук спаѓа во семејството на зелката, заедно со зелката, брокулата, карфиолот, марулата и слично. Конзумирањето на прокељ го подобрува вашиот имунитет, а помага и во намалување на телесната тежина. Бидејќи изобилува со антиоксиданси се смета за добра превенција од канцер.

Во продолжение два рецепти со малиот, но моќен зеленчук:

Салата со прокељ 
Состојки:
-300гр чадена сланина/или чадено пилешко
-500гр прокељ
-100гр ореви
-1/5 лажичка хималајска сол сол
-100мл масло

Дименото месо ситно се сечка и се пропржува на загреано масло. Оревите се толчат и се посолуваат со масло. Прокељот се става во зовриена вода за да се обари. Прокељот и оревите се додаваат во месото и се пржат заедно се додека прокељот не зарумени. Може да се служи топло и ладно. Се додава лукче по вкус.

Супа со прокељ
Состојки:
-300гр прокељ
-2 моркови
-2 компира
-2 зелени пиперки
-околу 1л вода
-сол и ловоров лист

Морковот се ренда и се пржи заедно со ситно исечканата пиперка. Потоа се додава компирот исечкан на коцки. Се додава водата и се варат околу 20 минути, на крај се додава прокељот и сол по вкус. Се заедно се вари уште 20 минути. Откако ќе се тргне од оган се додава ловоров лист. Супата се служи топла.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена