Поврзи се со нас

Македонија

Рускиот митрополит Антониј во посета на МПЦ-ОА

Објавено

на

Во посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска е рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил.

Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА, во текот на денот Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе се сретне со рускиот митрополит Антониј.

Од МПЦ-ОА најавуваат дека во текот на денот ќе испратат соопштение за целите на посетата.

Митрополитот Дебарско-кичевскиТимотеј, синоќа изјави дека посетата на митрополитот Антониј, која не беше најавена ниту од МПЦ-ОА ниту од РПЦ, не е случајна, но не откри повеќе детали за причините и целта на доаѓањетто на рускиот митрополит.

– Средбата не е случајна. Ќе видиме што ќе ни претстават тие. Неблагодарно е да се зборува било што пред средбата, истакна владиката Тимотеј.

Посетата на митрополитот Антониј се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Претходно дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на црковни извори, објавија дека тој доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ. Потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена