Поврзи се со нас

Гостивар

Средното економско училиште во Гостивар го објави конкурсот за запишување на ученици во учебната 2021/2022

Објавено

на

Вкупно 272 ученици ќе можат да го продолжат своето образование во популарното „Економско“ (Средно економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар) во учебната 2021/2022 година. На повеќе образовни профили пред се од економијата и бизнисот на македонски, албански и турски јазик. Раководството на училиштето ги потсетува полуматурантите на деталите и условите за запишување, кои детално се претставени во огласот.

О Г Л А С
за запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2021/2022 год.

I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во I (прва) година ќе се запишат 272 ученици, во 8 паралелки, (102 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик, 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за:

Македонски наставен јазик

Образовен профил Број на учници Број на паралелка Минимум поени
Економски техничар

четири годишно траење

34 1 60
Правен техничар

четири годишно траење

34 1 60
Бизнис администратор

четири годишно траење

34 1 60

Албански наставен јазик

Образовен профил Број на учници Број на паралелка Минимум поени
Економски техничар

четири годишно траење

68 2 60
Правен техничар

четири годишно траење

34 1 60
Бизнис администратор

четири годишно траење

34 1 60

Турски наставен јазик

Образовен профил Број на учници Број на паралелка Минимум поени
Економски техничар

четири годишно траење

34 1 60

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар во учебната 2021/2022 година се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и објавениот конкурс на Министерството за образование и наука Скопје.

Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.

Условите за запишување на учениците се:

  • Да имаат завршено основно образование;
  • Да не се постари од 17 години;
  • Да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;
  • Да ги исполнуваат критриумите со овој глас.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

За I (прва) година при пријавување, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • Пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Дипломи (доколку имаат), одосвоени (I, II иIII) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрајчје);
  • Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање).

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Целосните огласи на СЕОУ Гостивар со сите услови и уписни рокови може да ги преземете од следните линкови:

Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2020/2021 год Македонски јазик.
Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2020/2021 год Албански јазик. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена