Вести
Шест фудбалери на Шкендија и Ренова позитивни на Ковид 19
Синдикатот на фудбалери на Македонија, по вчерашното тестирање за Ковид-19 на двата тетовски прволигаши Шкендија и Ренова извести за потврдени шест позитивни случаи од двата табора, четворица од Ренова и двајца од Шкендија. Од синдикатот напоменуваат дека меѓу заразените има и функционери, односно не се сите фудбалери.
„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибадем Систина за жал имаме позитивни случаеви. Информацијата ја имавме уште доцна синоќа но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до Фк Ренова и Фк Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на Фк Ренова и двајца во таборот на Фк Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига“ – информираат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.
Изминатата недела по одлуката на ФФМ, сите прволигаши започнаа со тренинзи за продолжување на сезоната по усвоениот медицински протокол, иако гласни беа рекциите на фудбалската јавност дека се става во ризик здравјето на фудбалерите. Екипата на Ренова беше една од најгласните противници на предлогот да има продолжение на првенството. Сега институтот за јавно здравје, треба да одлучи дали ќе бидат изолирани само позитивните лица или целите фудбалски тимови ќе одат во карантин, по што шансите за продолжение на првенството се минимални.
Претходно беа тестирани екипите на Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев, Борец и Работнички, но без ниту еден позитивен случај на Ковид-19.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди