Поврзи се со нас

Гостивар

Шестмина приведени заради прекршен полициски час во Гостивар

Објавено

на

Во земјава во тек е 85 часовниот карантин, но не сите ја почитуваат забраната за движење. Секторот за внатрешни работи Тетово во изминатите 24 часа на полошкото подрачје регистрира 17 прекршувања на полицискиот час.  Во Тетово надвор биле затекнати 11 лица, меѓу кои и двајца албански државјани, на возраст од 25 и 26 години. За нив е констатирано и дека нелегално престојувале во земјава. Странците се задржани во Полициска станица за натамошна постапка. Исто така во Тетово меѓу прекршителите имало и тројца малолетници. Во  Гостивар вкупно 6 лица не го почитувале полицискиот час.

Сите кои не ја почитувале забраната за движење биле лишени од слобода и задржани во Полициска станица, а против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Изминатото деноноќие во тетовско-гостиварскиот регион Државен санитарен и здравствен инспекторат нема издадено нови решенија за изолација.

Изјави за самоизолација потпишале 9 граѓани, тројца во Тетово и 6 во Гостивар.

Во државен карантин во еден објект во тетовско се сместени 62 лица, а во два објекти во гостиварско 148.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена