Поврзи се со нас

Вести

Што мислат новинарите од Гостивар за слободата на медиумите денес

Објавено

на

На Светскиот ден на слободата на медиумите, се отвораат прашањата за професионализмот во новинарската фела, условите во кои се работи, притисоците со кои се соочува новинарството, влијанието на политиката врз уредувачките одлуки, финансиското ропство на медиумите и слично. Во духот на денот од нашите колеги од Гостивар побаравме мислење за актуелната состојба во која се наоѓа новинарството денес и за слободата на медиумите.  

 

Зоран Гега Маџоски, новинар:

За каква слобода на говор и пишан збор може да се зборува..? Живееме во време кога пропагандата е посилна од било кога. Ако се погледнат некои показатели како што се  индексот на Фридом хаус за 2017 година според кој се мери слободата на изразувањето и слободата на медиумите, стоиме лошо, многу лошо. Ете и оваа година на скалата на Репортери без граници Македонија е последна во регионот.

Убеден сум дека на овој поразителен резултат му претходеа долгогодишното создавање атмосфера на страв, закани, отпуштања новинари, затворање на слободните медиуми па дури и физички напади. Тоа е „награда“ за објективноста и критичкиот осврт. И Зошто..? Едноставно, затоа што си ја извршуваа работата.

Индикативно е што во меѓувреме, се создадоа пропагандистички машинерии, кои шират лаги и невистини затскривајќи се зад новинарската професија.

Ова прилика ја користам да им упатам поддршка на вистинските професионалци, колегите кои работат на објавување на вистината, да се информира јавноста, понекогаш ризикувајќи многу, па дури и сопствените животи.

 

Гзиме Имери, уредник во ТВ 2:

Заканите, насилството, физичките напади, дирекните вербални заплашувања често се дел од секојдневниот живот на многу новинари во Македонија. Властите вешто го користат јавниот буџет за државно рекламирање во одредени медиуми и со тоа го ограничуваат критичкото новинарство и независноста на медиумите.

Од друга страна, медиумите не се толку силни финансиски за да можат да опстанат без помош од владата, па на тој начин стануваат сервилни. Тоа им создава тешкотии на новинарите кои се обидуваат да бидат професионални во својата работа и ако пишуваат спротивно од интересите на власта, тогаш автоматски се прогласуваат за нејзини непријатели. Оваа мачна слика за слободата на медиумите во нашата земја, но и на целиот Балкан ја потврдува и невладината организација Human Rights Watch и Европската Унија и други фактори. Од балканските земји, Македонија е рангирана на дното што се однесува до слободата на изразот. Ова се доволни показатели за ситуацијата со слободата на медиумите во Македонија.

 

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, поранешен новинар:

Како новинар по вокација и карактер, со над тридецениско професионално искуство во односите со јавноста, од едната или другата страна на микрофонот и камерата, лично сметам дека новинарската професионалност последниве десетина и повеќе години, за жал, го допре дното, како никогаш претходно.

Трката по ексклузивност, да се биде прв – па макар и шпекулативно погрешен, промашен и ступиден, целосно ги  згази, до немајкаде ги маргинализираше основните постулати на новинарскиот занает, до таа мерка што за еден ист настан, на пример, можете да прочитате, слушнете или видите најмалку две-три вистини, а вистината е, нели, една единствена. Ако на тоа се додаде лесно забележливиот „навивачки“ пристап, односно држење страна, се поголемиот број „кобајаги новинари“ кои елементарно не знаат што е запирка и каде се употребува точка, тогаш големата слика за нашето новинарство воопшто не е розова и уште помалку ни служи на чест, на сите од фелата.

Слобода, слободата на новинарството е растеглива категорија. И зависи од тоа со каква диоптрија ја гледаме. Таа е таму некаде во умот, размислата и срцето. Ако ја побараш, има шанси да ја најдеш и споделиш. Ако не, предолго ќе останеш гангренозно да трулиш во прангите на други и безпомошно ќе се прпелкаш во калта на својата професионална и човечка совест.

 

Абедин Биљали, новинар во ТВ Глоби:

Македонската медиумска сцена е длабоко политички поларизирана. Автоцензурата кај новинарите е честа појава, пред сè поради притисокот од сопствениците на медиумите со одредени деловни или политички интереси.

Новинарите се слабо платени и се соочуваат со закани и со малтретирање доколку се ангажираат во истражувачкото или критичко известување. Сето ова се само дел од проблемите со кои се соочува новинарството во Македонија денес.

Oва веќе е потврдено во сите локални и меѓународни извештаи за медиумите во Македонија.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 2 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 6 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 8 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 10 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 11 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 12 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 13 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена