Поврзи се со нас

Гостивар

Сојузот на Борци од Гостивар го одбележа 23 Октомври, денот на Македонската револуционерна борба

Објавено

на

Со полагање цвеќе на споменикот на Чеде Филиповски – Даме во Гостивар, денес се одбележа 23 Октомври денот на Македонската револуционерна борба. Пред присутните кои се собраа на плоштадот во Гостивар се обрати претседателот на ОО Сојуз на Борци – Гостивар Ратко Ѓиноски. Кој ги потсети присутните на Внатрешната македонска револуционерна организација, формирањето и нејзиното значење до ден денес.

„На денешен ден пред 127 години, се одржа оснивачкиот состанок на МРО во станот на Христо Ботанџиев во Солун. Целта на организацијата била да се бори за автономна Македонија под прогласот „Македонија на Македонците“. Круна на дејноста на таа плејада револуционери беше Илинденското востание, кое претставува значајна историска етапа во борбата на македонскиот народ за национално ослободување со сопствени сили и сопствена држава оставајќи зад себе трајни идеали за македонска слобода. Преку победоносната НОАВМ граѓаните на Македонија ќе го дочекаат и вториот Илинден, 2 август 1944, кога се удрени темелите на денешната македонска држава. Нека им е вечна слава на генерациите револуционери паднати за слободата на Македонија“, наведе во рефератот претседателот на ОО Сојуз на Борци – Гостивар, Ратко Ѓиноски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена