Гостивар
Состанок во гостиварската болница: Да се избегнуваат посетите по одделенијата

Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, на иницијатива на директорот Јакуп Јакупи, се одржа информативен состанок со раководителите на одделенијата и амбулантните, во врска со коронавирусот.
„Директорот ги информираше одговорните за мерките преземени од Владата на РСМ и Министерството за здравство, поврзани со организацијата и преземените чекори за справување со вирусот и спречување на ширењето. Д-р Јакуп Јакупи ги повика сите граѓани на Гостивар и пошироко да ги избегнуваат болничките посети, а исто така, се заблагодари на целиот медицински персонал за напорната работа и придонесот што го прават во овие тешки времиња за сите“, информираат од гостиварската болница.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар