Гостивар
Совети и информации за возачите на гостиварска патарина за заштита на шумите

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово врз основа на планираните мерки и активностите на подрачјето на СВР Тетово, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, во соработка со претставници на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Шумска полиција, кај наплатна станица Гостивар спроведоа превентивни активности за заштита на природата, односно шумите, како наше најголемо заедничко богатство.
„Притоа на возачите им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари, како и за законските импликации доколку се загрозува природата со несовесно однесување кое може да придонесе за предизвикување на општа опасност или, пак, предизвикување пожар, како и последиците по секое незаконско постапување, при што на возачите им беа поделени летоци со информативно-едукативни содржини.“, соопшти полицијата.
На возачите им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите и да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети, затоа што на тој начин ја загадуваат природата, но исто така можат на овој начин можат да предизвикаат последици по шумскиот фонд за кои се потребни децении да се надоместат.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!