Гостивар
Стојаноска: Законот за наставници е штетен и со него нема зголемување на платите

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојаноска денес во изјава испратена до медиумите потенцира дека Законот за наставници, носи партизација и со него не се зголемуваат платите.
„Законот за наставници кој е на дневен ред денес на собраниската Комисија за образование е Закон со кој се овозможува партизација на образованието и Закон со кој не се зголемуваат платите на наставниците. Зошто СДСМ е заинтересирана за овој Закон? Па сака да го донесе, дури и по цена на кршење на Деловникот за работа на Собранието. Ова е Закон со кој СДСМ предвидува вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж, со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањата.“, вели Стојаноска додавајќи дека амандманот предложен од ВМРО ДПМНЕ не бил прифатен, Законот како таков е штетен поради што тие нема да го поддржат.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022