Поврзи се со нас

Вести

Студенти и средношколци во посета на Апелациониот суд во Гостивар

Објавено

на

Студенти и средношколци од Гостивар, денес имаа можност одблиску да се запознаат со работата и функционирањето на гостиварскиот Апелационен суд. Домаќин им беше претседателот на Апелација, Шефајет Хајдари, кој ги информираше за формирањето и почетоците на судот, организацијата и обемот на работата и друго.

Посетата на младите во Апелација се организираше во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда, 25 октомври.

„Задоволство ми е што овие млади луѓе ја прифатија поканата да бидат дел од Отворениот ден и да се запознаат со нашето работење. Апелациониот суд е формиран 2007-ма година и тогаш се избрани првите судии на овој суд. Надлежни сме да постапуваме по жалби на донесени одлуки од првостепените судови во Основиот суд Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево. Нашиот суд е така организиран, што имаме специјализирани совети:кривичен, граѓански, стопански и совет за малолетничка деликвенција“, рече Хајдари.

Студентите и учениците прошетаа и низ судските простории, а поставуваа и прашања врзани со работата на судот и судиите. Се интересираа за начинот на избор на судии, распределбата на предметите, борбата против корупцијата и слично.

Европскиот ден на граѓанска правда, има за цел преку разни активности граѓаните непосредно да се запознаат со функционирањето на системот на правосудството.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена