Рецепти
Супер едноставна чоколадна торта
Ретко кој има време во динамичното секојдневие да застане во кујна и да подготви некој комплициран десерт. Сепак, желбата за сладок и домашен десерт можете да ја задоволите со оваа супер едноставна чоколадна торта за која не се потребни многу состојки или алатки за подготовка, туку потребен ви е само еден сад, жица за матење и сад за печење.
Состојки:
2 шолји бел шеќер
1 и ¾ шолја обично бело брашно
¾ шолја какао во прав
2 јајца
1 шолја млеко
1 шолја зовриена вода
Половина шолја масло
1 и пол лажичка прашок за пециво
1 и пол лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
2 лажички арома ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 ° C. Садот за печење подмачкајте го и побрашнете го. Во еден сад измешајте шеќер, брашно, какао, прашок за пециво, сода бикарбона и сол. Додадете ги јајцата, млекото, маслото и ванилата и мешајте со жица за матење 2 минути. Сега додадете ја зовриената вода и измешајте. Истурете ја смесата во сад и печете 30 до 35 минути – проверете дали е готово со методот на чепкалка за заби, ако излезе чиста од колачот, можете да ја исклучите рерната.
Оставете да се излади во сад 10 минути, а потоа можете да уживате во десертот и да го збогатите со сладолед од ванила.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар