Занимливости
Светски чуда кои привлекуваат туристи, а ги збунуваат научниците

Објавено
пред 2 месецина

Планетата земја изобилува со неверојатни геолошки структури како што се кристалните пештери, кањони и преубави вулкани. Научниците, со векови ги објаснуваат причините за нивното создавање, но поедини креации на природата остануваат вечна енигма.
Окото на Сахара – Мауританија
Се простира во форма на концетрични кругови, а најголемиот има пречник од 28 километри. Геолозите на почеток тврделе дека се создало од удар на астероид, но меѓу круговите нема истопен камен кој би ја потврдил оваа теорија. Изостануваат и докази кои би ја потврдиле вулканската теорија. Вљубениците вo митови велат дека тоа се остатоци од одамна потонатата Атлантида. Научниците од современата ера наведуваат дека Окото на Сахара се создало со ерозија на Земјината купола. Процесот започнал пред 100 милиони години со распаѓањето на суперконтинентот Пангеја. Древните карпи кои настанале на длабочина од 200 километри ја потврдуваат оваа теорија, но истражувањата сеуште траат.
Езерото Хилиер – Австралија
Мало езеро со високо ниво на соленост се наоѓа на остров покрај брегот на западна Австралија. Неговата розева боја го прави уникатно во светот. Британскиот истражувач Метју Флиндерс прв го забележал овој феномен. Анализирал примерок од водата, но не можел да објасни од каде ја добива оваа неверојатна боја. Туристите можат да го посетат само со хеликоптер, иако се знае дека водата не е опасна по здравјето на луѓето. Научниците претпоставуваат дека розевата боја езерото ја добива поради присуството на алгата Дуналиела салина или пак од розевата бактерија Салинибактер рубер. За разлика од други езера со розева боја во светот (езерото Ретба во Сенегал), бојата на езерото Хилиер не зависи од температурата или од сончевите зраци.
Расцепот во Големиот кањон – САД
Огромен расцеп, пукнатина, се наоѓа во Големиот кањон во Аризона. Геолозите кои ја проучуваат оваа аномалија забележале камења и фосили од пред 540 милиони години во изобилство. Веднаш под нив се наоѓа слој карпи кој датира од пред милијарда години. Каде го снемал слојот од земјата кој треба да датира од периодот помеѓу овие два периоди е голема енигма. Теоријата која тврди дека Земјата некогаш била замрзната топка го дава одговорот на ова прашање. Огромни слоеви плочи создадени во споменатиот период, завршиле во океанот под налет на мразот. Сепак, нивното потекло засекогаш ќе остане мистерија.
Лакот Настапока – Канада
Вo југоисточниот дел од заливот Хадсон се наоѓа безмалку совршен лак формиран на брегот. Најпрвин се мислeло дека е создаден од удар на астероид. Меѓутоа, во близина на лакот не е пронајден ниту еден доказ дека тоа се случило. Најприфатлива е теоријата која вели дека лакот настанал кога еден слој карпи потиснал друг. Тоа не го објаснува неговиот правилен облик, така што лакот Настапока е под постојан надзор од научниците, а нам ни преостанува да веруваме дека неговата совршена геометриска форма е случајност.
Ритчињата во Мима – САД
Еднолични мали ритчиња во вид на бранови покриени со трева се наоѓаат близу Олимпија во сојузната држава Вашингтон. Кога во 1841 година ги открил американскиот научник Чарлс Вилкс, мислел дека станува збор за гробници. Започнал да копа и набрзо сватил дека дека секое ритче е исполнето со чакал. Слични формации се протегаат од Калифорнија до Колорадо и со децении ги збунуваат научниците. Поедини научници велат дека ритчињата настанале пред 30.000 години. Ова тврдење е спротивно од теоријата која вели дека првите луѓе на територијата на САД живееле многу покасно. Нагаѓањата за влијанието на ветровите и поплавите брзо се отфрлени. Најновата теорија ги обвинува кртовите за постоењето на ритчињата, но малку кој од научниците верува во неа.
Волшебни кругови – Пустина Намибија
Во непосредна близина на Намибија се наоѓаат црвени формации на кругови формирани од трева, средината е чиста земја. Ако ги погледнете од птичја перспектива, ќе заклучите дека флеките бескрајно се протегаат долж пустината. Народните верувања велат дека тоа се стапките на боговите, но научниците побарале објаснување втемелено врз докази. Одредени биолози тврдат дека круговите настанале поради напорите на билките да дојдат до вода и хранливив материи од земјата. Билките кои успеале да создадат доминантен состав на корени успеале да опстанат. Оние кои се осудени на пропаст оставиле парче земја во средината. Во 2017-та година во списанието Натура се појавила теорија која ветува. Со ископување се пронајдени гнезда на термити, што имплицира дека инсектите ги јадат корените над гнездата, така што пустинските билки можеле да се развиваат само околу гнездата. Покрај сите напори да се објасни нивното постоење, науката сеуште бара конечен одговор.
Кратерите во Сибир
Пилот на хеликоптер кој во 2014-та година летал над полуостровот Јамал забележал огромна дупка во заледената земја, на самиот влез во Карско море. Научниците побрзале со анализа на кратерот со пречник од околу 30 метри, за да го утврдат неговото потекло. Удар од метеор, експлозија на гас и доаѓање на вонземјани биле само некои од теориите за нивното создавање. Испитувањето на воздухот на дното од кратерот открило доста високо ниво на метан што укажува на експлозија. Неа ја предизвикале топлите лета кои ги изместиле условите на вечен снег и мраз. Одредени геолози тврдат дека немало експлозија, туку дека кратерот настанал под влијание на рушењето на заледеното земјиште. од тогаш се откриени уште неколку кратери, но службено објаснување нема.
АНКЕТА:

КК Гостивар сигурен против МЗТ 2 (78-62)

Гостивар на трето место по новозаразени со корона денеска, на четврто по оздравени

Последните два дена 43 решенија за изолација во Гостивар

КК Гостивар денес ја пречекува екипата на МЗТ 2

Приведени три лица во Гостивар поради трговија со кокаин

Самовработување со кредитирање – од 5 до 10.000 евра за невработените за свој бизнис

Денес направете си ванила пита, од вкусно повкусно

Верувале или не?!

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка