Вести
Три лица повредени во сообраќајна незгода на патот Гостивар – Тетово
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека сообраќајката се случила вчера околу 15 часот и 30 минути и оти во неа учествувале патничко возило „ауди“ со тетовски таблички што го управувала 16-годишна малолетничка од Теарце и автобус „Сетра“ со гостиварски таблици управуван од А.Д. (43) од Скопје.
Во несреќата возачот на аудито и двете сопатнички, жителки на Тетово, на возраст од 17 и 18 години се здобиле со телесни повреди, по што со медицинско возило биле пренесени и задржани за натамошно лекување во Тетовската клиничка болница, додека третиот сопатник на возраст од 18 години поминал без повреди.
Според првичните податоци од увидот, причина за сообраќајната несреќа е пребрзо возење додека вкупната материјална штета се проценува на 200 илјади денари, изјави Јосифовски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград