Здравје и убавина
Три придобивки од здравиот модар патлиџан

Добро подготвеното јадење со модар патлиџан се заснова на неговиот благ вкус и нежна, свиленкаста текстура. Исто така знаеме дека е задолжителен додаток на секој домашен ајвар. А дали знаевте колку е здрав модриот патлиџан?
Овој познат виолетов зеленчук содржи антоцијани, природен растителен пигмент кој го има и во бобинките, а му прават добро на нашето тело. Модриот патлиџан е полн и со растворливи влакна, кои играат улога во намалувањето на холестеролот и одржувањето на шеќерот во крвта.
А овие се некои од главните здравствени придобивки од користењето на модар патлиџан и доколку досега не сте го направиле тоа, вклучете го во вашата исхрана.
Модриот патлиџан има многу растворливи влакна
На повеќето здрави возрасни жени им требаат 25 грама растителни влакна дневно (38 грама за мажи), а модриот патлиџан во една шолја исечен ви дава 2,5 грама влакна.
Правилниот, редовен внес на влакна од различни растителни извори (зеленчук, овошје, интегрални житарки, мешунки, јаткасти плодови и семки) е корисен за управување со здравото ниво на холестерол, нивото на шеќер во крвта и функцијата на цревниот микробиом. А јадењето пет до 10 грама растворливи влакна дневно може да помогне во намалувањето на холестеролот.
Од влакната присутни во модриот патлиџан, околу 20 проценти се растворливи влакна кои му помагаат на вашето тело да се ослободи од холестеролот кој инаку би се реапсорбирал и би се складирал во телото. Влакната се важни за здраво движење на дебелото црево и ги поддржуваат здравите цревни бактерии.
Растворливите влакна, исто така, можат да помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта со забавување на варењето и апсорпцијата на јаглени хидрати.
Тие се извор на калиум
Модриот патлиџан му обезбедува на вашето тело калиум, суштински минерал кој игра улога во одржувањето на крвниот притисок во здрав опсег.
Јадењето храна богата со калиум може да им помогне на крвните садови да се релаксираат, што го намалува крвниот притисок.
Освен тоа, калиумот го спречува дејството на натриумот, кој го зголемува крвниот притисок. Кога калиумот од храната ќе влезе во вашиот крвоток, вашите бубрези на крајот отстрануваат повеќе натриум од крвта, што пак го намалува крвниот притисок.
Модриот патлиџан е добар извор на манган
Модриот патлиџан е исто така извор на манган, кој помага при метаболизмот на јаглени хидрати и масти, процес кој вашето тело го користи за разградување на компонентите на храната, како што се јаглени хидрати и масти, за да ги користи како енергија. Телото користи манган за да произведе ензими кои ги разградуваат јаглехидратите и мастите.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден