Вести
Училиште во Турција со име „Македонија“ во знак на македонско-турското пријателство

Училиште именувано „Македонија“ кое ќе има 24 училници именувано по македонските градови, ќе започне со настава на 11 септември оваа година во Малатија, Турција.
Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) информира дека училиштето кое го носи името „Македонија“, е на површина 8 656 метри квадратни и има 24 училници именувани по градовите Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Куманово…
Училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на Македонија и Република Турција.
Овој проект, нагласуваат од МАТТО, освен што ќе биде еден дополнителен мост за поврзување на народите од двете држави, ќе биде уште една гордост на сите граѓани на Република Турција кои потекнуваат или имаат корени од нашата држава.
Училиштето е изградено со донацијата од еден милион евра, во која учествуваа членките на МАТТО, а со поголема сума учествуваше Црвениот Крст на Македонија. Станува збор за донација со која се изгради едно од стотината срушени училишта во реонот Малатија.
Протоколот за соработка за изградба на училиштето беше потпишан во јули годинава од страна на МАТТО и подрачната единица на министрите за образование на Република Турција, и Валијата на Малатија. Овој проект се реализираше со поддршка на Црвениот Крст на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија како и со поддршка на Сојузот на турски невладини организации во земјава (МАТУСИТЕБ), здружението ЕСНАФ, општини, образовни институции, здруженија и фондации и хумани граѓани на Македонија.
Со изградбата на училиштето се прави чекор кој чекор кој ќе стави уште еден печат во насоката на продолжување на пријателството и солидарноста меѓу двете држави.
„Ова е чекор кој придонесува за развојот на образованието на децата кои останаа без своите училишта. Ова е чекор со кој на новите генерации ќе им се даде уште еден светол пример за хуманоста, заедништвото и пријателството меѓу двата народи“, истакнуваат од МАТТО.
Училиштето „Македонија“ во Малатија е круна на сите активности на МАТТО, Црвениот Крст, МАТУСИТЕБ, организации, поединци од Република Северна Македонија, кои беа преземени со цел да се помогне на турскиот народ по разорниот земјотрес што се случи на шести февруари годинава во Турција. Турција ја погодија два земјотреси со епицентар во Кахраманмараш, јужна Турција, и со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, а предизвикаа поместување на копнената маса во Турција за три метри. По августовскиот земјотрес во 1999 година, во регионот на Мраморното Море, земјотресите од шести февруари се најмоќните и најразорните во последните 100 години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос