Македонија
Уништени над 60.000 кг. небезбедно месо, млеко, риби, мед
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/07/meso72-880x495.jpg)
Во првите шест месеци од годинава во земјава уништени се вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло, информираше Агенцијата за храна и ветеринарство, која врз основа на законските надлежности и воспоставениот интегриран систем на контрола, врши постојан надзор над операторите со храна во поглед на исполнување на условите за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите.
Станува збор за месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца. Од овие количини, инспекциските служби на Агенцијата, во рамки на планираните официјални контроли и вонредните инспекциски надзори поништиле 17.141 килограми небезбедна храна. Поголем дел, или 43.668 килограми небезбедна храна уништиле самите оператори врз основа на воспоставените внатрешни контролни системи за безбедност на храната – (HACCP). 59.298 килограми од уништената небезбедна храна од вкупно уништените количини се од домашно производство, а остатокот од увоз.
Агенцијата ги повика граѓаните да ги пријавуваат недоследностите во поглед на безбедноста на храната на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на info@fva.gov.mk.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 1 недела
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар