Поврзи се со нас

Парламентарни избори 2024

ВМРО-ДПМНЕ и 24 политички субјекти ја потпишаа изборната коалиција „Твоја Македонија“

Објавено

на

ВМРО-ДПМНЕ и 24 политички субјекти ја потпишаа изборната коалиција „Твоја Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ денеска со 24 политички субјекти и организации потпиша Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата наречена „Твоја Македонија“.

По потпишувањето на Повелбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за Претседателските и Парламентарните избори целосно и недвосмислено ќе се води од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека ова е финалната предизборна коалиција со која ќе настапат на претстојните избори.

Мицкоски потенцира дека врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“ се развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“.

  • Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт. Основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста. Се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, коалицијата манифестира јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираат реформи кои, како што рече, ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија.

Апелира да има масовна излезеност на изборите бидејќи, како што рече, неизлегувањето подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт.

Како што најави Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата утре ќе одржат Конвенција за претставување на кандидатите за пратеници кои вчера беа потврдени на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена