Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар промовирана новата збирка поезија од Дејан Крстески

Објавено

на

…Јас не сум како другите луѓе,

на птиците им дробам од последната корка.

Додека снегот се таложи, улиците стануваат тесни

за луѓето со насмевки празни и полни кеси.

Јас, дете.

Јас, сега.

Неодлучен во својот пијан чекор,

се откажувам од слободната волја.

Осаменоста како студена крпа

лежи на мојот гол врат.

Во ова време од годината,

осаменоста ме тера да пишувам…

Ова е извадок од песната „Празнична“, една од 45-те во најновата книга на гостиварецот Дејан Крстески „Утрото по крајот на светот“ , која беше промовирана вчеравечер во Гостивар. Публиката од пријатели, роднини, соработници, љубители на убавиот пишан збор, имаше можност да слушне дел од творбите во збирката, како и видување од самиот автор за стиховите и рецензентските белешки.

„За жал стануваме се‘ поладни со самите себе и со луѓето околу себе, додека сетилата ни се натрупани со некакви дразби кои не прават од нас подобар и позрел човек. За среќа, поезијата е тука да го облагородува човекот и секако не‘ прави пред се‘ подобри души. Песните во оваа книга главно може да се поделат на социјално-ангажирани и песни за љубовта. Кога велам љубов, не мислам само на таа романтичната, туку на сите оние останати видови љубов кои не умираат и се вгнездуваат во нашите срца, ги потхрануваме и тие дефинитивно не‘ потхрануваат нас“, кажа меѓу другото во своето обраќање Крстески.

Рецензентка на книгата е Ирена Павлова Де Одорико, која за оваа прилика од Италија кадешто живее и работи иаспрати своја видео порака истакнувајќи:

„Дејан Крстески е еден од ретките поети кои на еден мошне сериозен начин се занимава со лирика којашто не е слаткаста, која поставува сериозни прашања во однос на светот и векот, којашто поставува прашалници и во однос на самиот себе си, којашто е многу искрена, исповедна, но не патетична, туку нагласувам сериозна“.

Настанот, кој се одржа во Центарот за млади и заедницата го модерираше Константина Ѓурковиќ, а стихови читаа Билјана Дејановска, Ева Дејановска и Ива Крајоска.

Крстески е автор на: збирките раскази Поглед кон небото (2014), Чист хероин (2018), стихозбирките Луѓе без лице (2015) и Херои од хартија (2019) и на романот Атласот на тајните (2021).

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 4 недели

Возило излетало од патот Маврово-Дебар, тешко повредена 47 годишна жена

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена