Поврзи се со нас

Гостивар

Во Маврово ќе се одбележат 115 години од раѓањето на г.г Доситеј, првиот Архиепископ на МПЦ

Објавено

на

На 5 декември во недела, со почеток од 11 часот пред црквата „Св. Никола Летен“ во Маврово (потопената црква), ќе се одбележат 115 години од раѓањето на првиот Архиепископ на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Доситеј II.

г.г. Доситеј е роден во Маврово на 7 декември 1906 година, тој е возобновител и прв архиепископ Oхридски и Mакедонски на МПЦ – Охридска Архиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен Архиепископ на укинатата Охридска Архиепископија во 1767 година. Се упокојува на 20 мај 1981 година во Скопје.

„Премногу сме скромни за целосно разбирање на Неговиот внатрешен духовен свет, но затоа и одговорни да ја истакнеме неговата возвишеност како прв македонски Архиепископ и неговите големи заслуги за самостојноста на нашата духовна водилка. Постојат јубилеји, но неговиот имаме потреба посебно да го истакнеме и одбележиме на достоен начин.Настанот е од големо значење за целиот мавровски крај, со тоа се повикуваат сите верници, почитувачи на ликот и делото на г.г Доститеј да присуствуваат и достоинствено да се одбележи јубилејот.“, велат за одбележувањето од Здружението г.г Доситеј – Маврово.


ЗА ГОСПОДИН ГОСПОДИН ДОСИТЕЈ

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј II, е роден во Маврово, гостиварско, на 7 декември 1906 година. Тој е возобновител и прв архиепископ Oхридски и Mакедонски на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен Архиепископ на укинатата Охридска Архиепископија во 1767 година.

Неговото крстено име е Димитар Стојковски, а се родил како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината на Бистра.

МОНАХ ОД 17 ГОДИНИ

Богословија започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во „Св Богородица Пречиста“, Кичевско. Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко, ја презел игуменот Митрофан од манасторот „Хилендер“.

Доситеј останал на Света Гора до 1932 година, кога заради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија. Како монах Доситеј престојувал и во манастирите „Св. Наум (Охрид), „Св. Богородица (Трескавец), Буковскиот манастир и други. Во меѓувреме, на 12.2.1934 г, од страна на владиката Николај, во црквата “Св. Богородица” во Битола, Доситеј бил произведен на ераѓакон, додека на Цветници го примил еромонашкиот чин.

Посетата на првиот македонски Архиепископ Г.Г. Доситеј (по возобновувањето на древната Охридска Архиепископија) на манастирот Св. Богородица Пречиста, 21 Септември 1973, каде како млад тука бил замонашен.

НЕПОКОЛЕБЛИВ, ДЛАБОКО СВЕСЕН ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО

Доситеј длабоко во себе бил свесен за своето потекло. Обидите на тогашните епископ Николај Велимировиќ и  митрополит Јосиф, да го одродат и да го преобразат Доситеј, а преку него и да ја шират големосрпската пропаганда не успеале. Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а истата година Српската православна црква (СПЦ) не му доделила стипендија за да се запише на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак бил прифатен од нишкиот епископ Доситеј, кој го примил во служба што му овозможило паралелно да студира на Теолошкиот факултет во Белград и да дипломира во 1942 година.

Како последица на промените во Македонија за време на Втората светска војна, во СПЦ настануваат превирања. СПЦ сака да ја спроведе старата српска црковна политика и да го врати во Македонија стариот и омразен митрополит скопски Јосиф. Доситеј како Македонец, прво го отстрануваат од црквата и го испраќаат да управува со патријаршискиот двор во Сремски Карловци. Таму останува до 1949 година, кога прво добива титула архимандрит, а подоцна бил избран за Епископ топлички – викарен на Српскиот патријарх Викенти. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22.07.1951 година.

Доситеј ја сфаќа политиката на СПЦ и отворено се спротивставувал на ваквите намери. Во тоа време интензивно комуницирал со Иницијативниот одбор за организирање и за формирање на Македонската православна црква. Најголем дел од членови во Одборот биле македонски свештеници, кои по војната останале со народот и ја споделувале неговата судбина. На иницијатива на Одборот во декември 1951 година, Доситеј со благослов на српскиот патријарх Викентиј, ја посетил родната грутка. Тоа бил значаен датум за Македонците, бидејќи по ослободувањето во 1945 година, прв пат земјата ја посетил некој македонски Владика. Посетата на Доситеј во Македонија предизвикала негативни реакции кај екстремното свештенство на СПЦ, а по неговото враќање во Белград, било дочекан на нож од поранешниот скопски митрополит Јосиф.

По посетата, Доситеј и Иницијативниот одбор ги интензивирале контактите при што се договарале за секој чекор поврзан со црковното осамостојување и возобновување на Охридската архиепископија. Во преговорите кои започнале помеѓу Иницијативниот одбор и Српската патријаршија, главно разговорите се воделе околу изборот на епархиските архијереји за испразнетите македонски епархии. Додека СПЦ инсистирала на враќање на нејзините стари епископи, пред се, на митрополитот Јован (поранешен четнички војвода и познат по својата асимилаторска политика), дотогаш Иницијативниот одбор решително се залагал на испразнетите места да дојдат Македонски епископи.

Во 1958 после многу преговори и иницијативи Синодот на СПЦ се обврзал на наредното Собрание на Светиот архијерејски собир (во мај 1958 година) да се изврши избор на Македонци архијереји за сите три епархии. Иницијативниот одбор сметал дека на ваков начин конечно ќе се оствари идејата за црковното осамостојување. При високата црковна делегација на СПЦ во Македонија каде по иницијатива на Доситеј било договорено да се отвори македонското прашање Светиот архијерејски синод на СПЦ донел спротивни одлуки.

По ваквото нагло свртување на политиката на СПЦ, Одборот одлучил да свика Црковно-народен собир на кој ќе поднесе извештај за својата работа, но и да ја возобнови Охридската архиепископија. За тоа се правеле сериозни подготовки и во јули 1958 година бил свикан Собирот. Тоа било едно од најсложените прашања, кои требало да бидат во согласност со канонските правила, но и според желбите на народот кој барал идниот поглавар да биде Македонец. Единствена соодветна личност со совршено минато, монашко искуство и безброј искушенија бил самиот Доситеј.

АРХИЕПИСКОП НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА

Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност на одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереји да биде од средината на своите домашни синови, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула Архиепископ Охридски и Скопски и прв Митрополит Македонски. За време на изборот биеле сите камбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во Света Софија, Нестор Поповски официјално му ја соопштил Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква.

Во негово време од темел била возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 била отворена Богословијата, а во 1977 година Богословскиот факултет во Скопје.

г.г. Доситеј почива во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

Се до своето упокојување на 20 мај 1981 година во Скопје, како поглавар на МПЦ, Доситеј мудро, чесно и самопожртвувано ја раководеше македонската црква. Возобновителот на Охридската архиепископија, Архиепископот Доситеј стана и остана симбол на МПЦ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена