Гостивар
Во петок и за викендите посебни правила на патот од излезот од Гостивар кон Стража и по кракот кон Маврово

Со започнувањето на летната туристичка сезона од денес (први јули) до први септември годинава на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим за товарни моторни возила над 7 и пол тони. Според овој режим, од излезот од Гостивар кон Стража и по кракот кон Маврово, товарните возила во петоците не ќе смеат да се движат од 15 до 22 часот, во саботите од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во неделите од 7 до 22 часот. Исклучок од овие забрани ќе бидат товарните возила кои превезуваат жив добиток, лесно расиплива стока и жито и житни култури.
Секторот за внатрешни работи Тетово информира, исто така, дека доколку некое возило не ги почитува воведените забрани веднаш ќе биде исклучено од сообраќај и на возачите ќе им се изготват соодветни поднесоци, во кои е предвидена парична глоба од 45 евра во денарска противвредност.
СВР Тетово апелира до возачите на товарни возила навреме да ја проверат техничката исправност, да не тргнуваат на пат заморени и целосно да ја почитуваат постојната сообраќајна сигнализација. Ова, посебно се однесува на возилата кои ќе се движат кон туристичките центри Охрид и Маврово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос