Регион
ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов со најголем број гласови на изборите во Бугарија
На петтите по ред предвремени парламентарни избори во Република Бугарија, според 99,58 отсто обработени податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија за коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов гласале 26,54 отсто од граѓаните (667.500 гласа).
За коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија која ја предводи Кирил Петков освои 24,61 проценти од гласовите (618.868 гласа), за Преродба гласале 14,19 отсто (356.782 гласа).
На четврто место е Движење за права и слободи со 13,55 отсто (340.760 гласа). На петтото место е БСП за Бугарија со 8,96 проценти (225.292 гласа). Шестата политичка формација која влегува во новиот бугарски Парламент е Има таков народ со 4,12 отсто (103.508 гласа).
Опцијата Не поддржувам никого (Не подкрепям никого) ја избрале 106.667 гласачи.
На изборите на 2 април учествуваа 21 политичка формација – 14 партии и седум коалиции.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6