Македонија
Ахмети: Да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите, почнувајќи од мене
Ние цврсто стоиме на ставот да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети, во изјава за ТВ 21, денеска по гласањето на внатрепартиските избори во Кичево, рече дека Рамиз Мерко треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто, бидејќи за тоа било гласано на генералниот совет на партијата.
„Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина, изјави Ахмети за ТВ21, прашан за ставањето на градоначалникот на Струга“, Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа