Гостивар
Сообраќајно безредие и несовесност – „Летаат“ казни за возачи во Гостивар
Во секојдневните контроли на полицијата на гостиварското и тетовското подрачје се откриваат низа непочитувања на сообраќајните правила и прописи.
Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (23 август) од 16 до 19 часот спровел акциска контрола за санкционирање на некористењето на сигурносни појаси од возачите и зборувањето на мобилен телефон при возење. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 25 возачи (Тетово-11 и Гостивар-14) кои некористеле сигурносен појас и 5 возачи кои зборувале на телефон.
„На прекршителите им се изготвени предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби. Покрај ова, при контролата биле санкционирани и 4 возила кои имале неисправни сопирачки и тие веднаш биле исклучени од сообраќај, како и 2 лица кои ги управувале возилата без положен возачи испит и валидна дозвола за тоа.“, информира СВР Тетово.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 5 дена
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Амбасадорите на македонскиот фолклор „Танец“ со концерт во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување