Поврзи се со нас

Гостивар

Дијабетичарите најавуваат тужба: 8 месеци недостиг на терапија и помагала, каде отишле парите, во нормална држава ова го нема!

Објавено

на

Здруженијата на граѓани со дијабетес во Македонија сериозно размислуваат за покренување тужба против Министерството за здравство поради недостигот на антидијабетна терапија, ленти, глукомери и други помагала, кој се провлекува со месеци. Претседателот на здружението на дијабетичари во Гостивар, Велко Бобароски вели дека пациентите трпат поради бавноста и неажурноста на институциите да им го обезбедат тоа што им следува во делот на здравствената заштита.

„Проблемот е во Министерството за здравство, пред се‘. Не би потенцирал кој министер, што министер, не е самиот министер виновен, тој си има тимови од луѓе, советници, тие кои треба да знаат кога, што се распишуваат тендерите. Бавноста и неажурноста на самите тие луѓе доведува до тоа што ни се случува, недостиг на инсулин и помагала. Осум месеци траат тендерски постапки, во кој период „топката“ се префрла од еден на друг. Во нормална држава, каде се’ функционира, ова го нема. Да, сме имале прием, разговори на кои ни велат нема проблем, ќе биде за една недела, но таа недела се стори осум месеци, а тоа ќе доведе до тужба кон МЗ. Ќе се оди и со порадикален чекор, односно да одиме со  меѓународна тужба, немаме друг механизам, се разгледуваат сериозно опциите. Осум месеци одбивано е за здравствено на тие пациенти, таа терапија отишла, прашањето е каде отишле парите, значи некаде завршиле тие пари. А, ваму луѓе ти страдаат и се борат за живот“, кажа Бобароски во емисијата „Минути за секого“ во продукција на Gostivarpress.mk.

Пред два дена Сојузот на дијабетирачи поднесе претставка до Министерството за здравство со барање навреме да ја добиваат терапијата и помагалата, кои им се гарантирани со Устав и закон.

Целата емисија на тема Дијабетес може да ја проследите на Јутуб каналот на Gostivarpress.mk.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 3 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Видео емисиипред 5 дена

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 3 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена