Гостивар
Света архиерејска литургија во Гостивар и изнесување на Светиот Крст за празникот Крстовден
Празникот Воздвижение на чесниот и животворен Крст – Крстовден, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар беше одбележан со света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Андон Андоновски и ѓаконот Славче Ѓоргески.
Пред започнувањето на литургијата, според Црковниот устав, беше изнесен светиот Крст, каде што беше воздвижен, а свештенството и верниците се поклонија пред него.
По завршувањето на литургијата, Митрополитот г. Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа на која меѓу другото истакна:
„Денеска го прославуваме Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господен. Тоа е празник на целиот свет. Се воздигнува Крстот Христов за да паднат бесовите и да бидат победени. Се воздигнува за и ние да се воздигнеме и да стоиме цврсто. Да гледаме кон небото и да си спомнеме за страдањата Христови. За страдањата кои Он ги претрпе заради нашето спасение и да Му благодариме за Неговата безмерна добродетел кон нас. Сите ние денеска кои сме во храмот да се поклониме на Животворниот Крст Господов, благодарејќи Му на Бога за Неговата љубов. Му благодариме затоа што не нè остави и не Го жалеше Својот Единороден Син. Го жртвуваше за да можеме да дојдеме до Него и да се вратиме во Татковиот дом. Да се обратиме кон Голгота, да погледнеме кон Крстот Христов и да видиме со каква цена сме платени и избавени. И, навистина мили мои, преку Христовото распнување ние ја дознаваме смислата на нашето животно распетие. Преку Христовото страдање – ние единствено ја дознаваме смислата на нашето страдание. Господ Исус Христос од преголема љубов за сите нас без исклучок се распна на Крстот за да нè искупи од проклетството на смртта и ѓаволот. И ние од љубов треба да го носиме крстот и да истраеме во животните маки, цврсто опстојувајќи во верата за да на крајот од овој живот, очистени од гревот го здобиеме спасението.“
-
Гостиварпред 4 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Занимливостипред 3 месеци
Што кажува за вас вашиот датум на раѓање?
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица