Гостивар
Да ги сочуваме старите занаети во Гостивар!-Саем на шнајдери, кујунџии, часовничари, чевлари
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2023/11/saem-nas.jpg)
Со цел да се истакне знаењето на занаетчиството и да се промовира како можност за локален економски развој, денес во Гостивар се одржа Саем со свечено доделување на субвенции за старите занаети. Во малиот градски парк во центарот на Гостивар, беа поставени штандови со изработки на шнајдери, кујунџии, часовничари, чевлари, кавалџија, лимари и други занатечии, а се одржа и пригодна свеченост со доделување на плакети, благодарници и субвенции.
Настанот го организираше Регионалната занаетчиска комора Гостивар и Фондација за развој на мали и средни претпријатија, со поддршка на Локалниот социо-економски совет и гостиварската локална самоуправа.
„Настанот се одржува во име на долгогодишното взаемно почитување и соработка, а со цел да ги зачуваме старите занаети во Гостивар како културно-историско наследство и да ги промовираме малите и средни претпријатија кои работат на локално ниво. На овој начин, го потврдуваме значењето и потребата од постоење на старите занаети како непресушен извор на традицијата, го промовираме и афирмираме секторот на мали и средни претпријатија во Гостивар како релевантен двигател на локалниот економски развој. Иницираме постоење на старите занаети и локалните претпријатија кои во иднина ќе овозможат континуиран развој на претприемништво, конкурентност и самовработување.“, беше речено на свеченото отворање.
Пред присутните се обрати Љуљзим Османи, претседател на регионалната занаетчиска комора Гостивар, кој упати благодарност до учесниците и до поддржувачите на иницијативата.
Агрон Фазлији, претседател на занаетчиската комора на Македонија во своето обраќање, мешу другото нагласи:
„Се надевам дека ваквите иницијативи и настани ќе станат традиција и дека Гостивар како град на занаетчиите, ќе стане уште попрепознатлив. Верувам дека во тоа заеднички ќе успееме“.
Задоволство од одржувањето на првиот Саем во Гостивар изрази и Јелена Спасова, извршен директор на занаетчиската комора на Македонија
„Да и честитам на занаетчиската комора за првиот Саем. И сакала да истакнам дека заедно со друигите институции во рамки на законски дозволеното, направивме регионалната комора во Гостивар да биде ликвидна, односно да може да работи исто како и другите, онака како што треба“, рече Спасова.
Настанот беше збогатен со култуно-уметничка програма.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа