Поврзи се со нас

Македонија

ЗНМ и СЕММ: Новинарите да не пласираат непроверени информации за исчезнатото девојче и да ја почитуваат личната болка на семејството

Објавено

на

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот на честа при ЗНМ и Советот за Етика во медиумите (СЕММ), најостро го осудуваат начинот на кој известуваат одредени медиуми за исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, со што на груб начин го кршат Етичкиот кодекс на новинарите, пласирајќи неточни и непроверени информации, најчесто преземени од социјални мрежи.

ЗНМ и СЕММ ги потсетуваaат новинарите, дека мора да ја почитуваат личната болка на семејството, а сите извештаи за несреќи или судски постапки да бидат ослободени од сензационализам.

„Во текот на денешниот ден регистрирани се серија текстови со лажна содржина, пренесени од коментари и реакции на социјални мрежи, од неверодостојни профили, за кои не може да се утврди кој стои зад нив. ЗНМ, преку Одлуки на Советот на честа, како и СЕММ, повеќе пати досега се произнесоа дека социјалните мрежи не може да бидат веродостоен извор на информации од кои новинари без да проверат ќе преземат содржини и од нив ќе пишуваат вести или наслови, бидејќи ФБ профилите или профили на другите мрежи се лична одговорност на носителите на профилите, а медиумите имаат обврска да ги проверат информациите пред да ги објават. Објавувањето без проверка, само затоа што некој објавил нешто и некаде на социјална мрежа, а тоа станало вест во медиум, не ги ослободува медиумите од одговорност“, се вели во соопштението.

ЗНМ и СЕММ, бараат од новинарите и медиумските работници, да се вклучат во известување за случаи како што е исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, но строго да внимаваат на професионалните етички стандарди, да не шират страв и паника, да не објавуваат лажни вести и непроверени информации, и на тој начин дополнително да ја подгреваат ситуацијата.

„Советот на честа на ЗНМ, постапувајќи по претставки може да исклучи членови од членство во ЗНМ поради повреда на одредбите на Кодексот и затоа, уште еднаш ги повикуваме сите новинари, информациите да бидат крајно внимателно подготвени, со етички избалансирано известување и претходна сериозна проверка. Медиумите во оваа фаза треба посебно да внимаваат и со изнесување на лични или семејни детали, кои можат да му наштетат на интегритетот на детето“, се вели во соопштението.

ЗНМ и СЕММ, исто така, ги охрабруваат сите граѓани кои ќе забележат прекршувања на Кодексот да ги пријават на соодветен формулар кој се наоѓа на страницата на ЗНМ или на страницата на СЕММ, и на тој начин да помогнат во детектирање на медиумите кои отстапуваат од новинарските стандарди

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 9 часа

Шест причини зошто пешачењето после вечера е добро

Вестипред 12 часа

Захарова: Русија ќе нападне британски цели доколку британското оружје го употреби Украина за удар на руска територија

Македонијапред 13 часа

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

Гостиварпред 13 часа

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 15 часа

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 16 часа

Болница Гостивар-Пуштено во употреба обновеното невропсихијатриско одделение

Гостиварпред 18 часа

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Спортпред 19 часа

Аталанта го совлада Баер Леверкузен и ја освои Лигата на Европа

Здравје и убавинапред 20 часа

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 4 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена