Гостивар
Бочварски во Гостивар: Граѓаните заслужуваат подобри и модерни патишта кои исто време ќе бидат и во функција на бизнисот
Го подигнавме на повиско ниво квалитетот на патиштата, а со тоа и ја зголемуваме безбедноста на сообраќајот во општините. Тоа е дел од нашата развојна стратегија на патната мрежа во земјава за која инвестираме преку две милијарди евра. Граѓаните заслужуваат да имаат подобри и модерни патишта кои исто време ќе бидат и во функција на бизнисот, истакна денеска министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски за време на работната посета на општина Гостивар.
Министерот Бочварски беше на увидот во активностите за обнова на локалниот пат од населеното место Здуње до Дебреше во општина Гостивар, а што се реализираат преку Министерството за транспорт и врски.
Патниот правец е во должина од 1, 2 километри, а инвестицијата е во висина од 18 милиони денари. Активностите се дел од проектот за подобрување на локалните патишта во општините, вкупна инвестиција од 70 милиони евра.
Во рамки на овој проект досега се опфатени преку 180 локални патишта и улици во преку 60 општини низ државата.
Со реконструкција на овие улици и патишта во општините ги подобруваме условите за живеење на граѓаните, создавме услови за побезбеден сообраќај низ градовите и тоа што сметаме дека е исто така важно го зголемуваме локалниот економски развој на самите општини. Овој проект се покажа како исклучително добар од причина што голем дел од општините немаат доволно средства во своите буџети за вакви проекти. До средина на оваа година очекуваме да објавиме и тендери за реконструкција на уште педесетина улици во различни општини, изјави министерот Бочварски, со кого на увидот беа и техничкиот премиер Талат Џафери, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.
Претходно, тие извршија увид и во изградба на автопатската делница Гостивар-Букојчани, дел од пактетот на автопати што се градат во рамки на Коридорот 8 и 10 д.
Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата ги одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Гостиварпред 3 месеци
„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“