Гостивар
Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик
Во пресрет на Денот на македонскиот јазик, кој се одбележува на 5-ти мај, попладнево во Гостивар ќе се одржи манифестација под мотото „Јазикот е нашата татковина“. Настанот го организира Центарот за култура „АСНОМ“, а ќе учествуваат ученици од основните училишта.
Програмата ќе биде исполнета со литературно читање на лични творби, стихови од антологиски макеоднски автори како Кочо Рацин, Константин Миладинов, Блаже Конески и други, исто така драматизации, ритмички изведби и фолклорни игри. Како почесни гости се најавени проф. д-р Кристина Николоска, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје и Горјан Петревски, писател за деца и млади.
Одбележувањето се организира порано од конкретниот датум, имајќи ги предвид пролетниот распуст и велигденските празници кои следуваат.
Настанот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура, со почеток во 17 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6