Култура
Премиера: Актерите блеснаа, публиката воодушевена
Гостивар синоќа живееше во знакот на театарската уметност. Драмското студио „Дунек“ уште еднаш покажа дека е движечка сила на културното оживување на градот. Премиерата на „Фантомот од училишната табла“ во Центарот за култура помина успешно, со одлична изведба од страна на актерите, полна сала и добар прием од публиката.
Претставата донесе поразлична приказна од досегашните кои екипата ги работела, со потешка тема која отвора суштински прашања и допира до најделикатните аспекти на човековото живеење. Текстот е работен според вистински настан кој се случил во Америка пред две децении и ги прикажува недостатоците и пропустите на едно општество.
На сцената ги видовме: Виктор Анѓелкоски, Живе Ристоски, Војкан Михајлоски, Драгана Богоеска, Теодора Матеска, Константина Ѓурковиќ, Теодора Волческа, Ивана Мерџаноска и Тома Стојаноски. Младите актери работеа под водство на режисерот Ѓорѓи Нешкоски.
Претставата денес ќе има уште две изведби за организирани посети од училиштата, во 12 и во 17 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 3 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница
-
Парламентарни избори 2024пред 2 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6