Вести
Спонзорите на КК Гостивар со реакција: Ова е најтешкиот момент за клубот
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/04/23755243_308863899520582_7389635873719878902_n.jpg)
По изречените казни за КК Гостивар со писмена реакција се јавија компаниите кои го спонзорираат гостиварскиот клуб.
„Вчера КК Гостивар го доживеа најтешкиот момент од постоењето. Изречените ,,ЕВРОПСКИ” казни, како да не беа насочени кон македонски клуб, туку како да се работеше за некој пребогат европски шампион. Што се замислувате вие во федерацијата, безгрешници или некакви Божества? Што сакате да постигнете? Да ја доуништите и онака уништената кошарка во Македонија. Зошто се служите со двојни аршини и пресудувате како ќе ви се сака и кому сака? Ние спонзорите на КК Гостивар нема да дозволиме било кој да се поигрува со нас и нашите тешко заработени пари. Ние доброволно се собравме, без притоа да имаме било каков бенефит, да му дадеме на градот и на младите, убави спортски моменти. Ако до сега сме организирале голем број натпревари, во полна сала и притоа не е направен ниту еден инцидент, не зборува ли тоа дека сме биле одлични организатори, а нашата публика безпрекорна. Погледнетеги снимките од натпреватите во Гостивар кои се достапни на нашиот FB и уверете се сами за каква коректна публика се работи. Судиите наместо да ја смират состојбата, тие уште повеќе ја разгневија. Но и покрај тоа никој од публиката не влезе на терен да се пресметува со никого, а најмалку со гостинските играчи. Се прашуваме, ако натпреварите се снимаат, зошто тогаш судиите не настапат во амортизирање на состојбата, а не во наелектризирање? Затоа постојат снимените материјали, да ја покажат правата состојба и ако некој погреши да си ја сноси одговорноста. Зошто во нашава држава секогаш судиите мора да бидат во право? Зошто никој не расправа за нивната одговорност?
Во соопштението за казните беше наведено, дека приговорот за судењето не се разгледал бидејки не сме платиле такса. Е, ако не сме платиле , нека не им се суди. Нека ги осиромашуваат и понатака клубовите, онака како што ке посакаат и нека ја полнат нивната каса.
Тие судии кои се платени од нашите џебови , само во еден противнички напад направија 4 грешки. Заради тие нивни грешки се створи револт и притоа покажаа 3 технички со кои директно учествуваа во креирање на резултатот. И помогнаа на екипата која хаотично почна да паѓа во натпреварот. Во салата имаше прекрасна атмосфера, како да се работи за лига на шампиони. Судиите со нивните одлуки ја погребаа и последната полна сала во Македонија. Впрочем, се навикнаа да судат во празни сали, во мртва тишина“, наведуваат во соопштението.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин