Вести
Трагедија во гостиварско – Жител на Лакавица настрадал додека поправал багер
Четириесет и шестгодишен жител на гостиварското село Лакавица починал при поправка на работна машина-багер, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Трагедијата се случила вчера околу 14 часот во селото Беловиште. А.Р.(46) од Лакавица, од засега непознати причини бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела на багерот со кој претходно вршел ископување за монтирање канализациски цевки. Лицето починало на самото место. Од страна на лекар во Медицинскиот центар во Гостивар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а ќе се вештачи и багерот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица