Вести
Започна пролетното уредување на зеленилото низ Гостивар
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/04/zelenilo.jpg)
Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило ги отпочна активностите за пролетно средување на јавните зелени површини во Гостивар. Работници од службата задолжена за одржување на зеленилото се распоредени на различни локации во сите делови на градот и работат на косење на тревата по што ќе се засадуваат дрвца и цвеќиња.
„Може да се каже дека пролетта е годишно време на нашето претпријатие, затоа што временските услови се најпогодени за уредување на зеленилото. Ќе се средат сите јавни зелени површини и во оваа прилика сакам да апелирам до граѓаните да го чуваат зеленилото, да не го уништуваат и да не фрлаат отпадоци насекаде“, изјави Музафер Зулбеари, директор на претпријатието.
Освен во парковите и површините пред колективните станбени згради, активности за хортикултурно уредување се спроведуваат и на кружните текови и зелените појаси долж булеварите.
Во меѓувреме течат и работите за целосно уредување на големиот градски парк, каде по завршување на подготвителните активности ќе бидат засадени нови дрвја.
Колку пари ќе потроши претпријатието за пролетното раззеленување на Гостивар ќе се знае по завршување на акцијата.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин