Вести
Образовен медијатор ќе помага за подобро школување на ромските деца во гостиварските училишта
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/04/project-image.jpg)
Гостивар е еден од градовите во Македонија, кадешто Министерството за образование и наука ќе ангажира образовен медијатор за основците Роми. Целта е да се придонесе кон унапредување на основното образование и да се обезбеди дополнителна поддршка за учениците Роми во основните училишта.
Образовниот медијатор ќе има улога да помогне при вклучувањето на ромските деца во основното образование, да помогне при континуитетот и задржувањето на учениците Роми во образовниот процес и да ја олесни комуникацијата меѓу училиштето, родителите и заедницата за успешно да го завршат основното образование.
Конкурсот за пријавување на заинтересирани за оваа позиција е во тек, а пријавувањето трае до 8 мај.
Освен во Гостивар, ромски образовни медијатори ќе се ангажираат и во Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир/Центар, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево и Берово.
Деталите за условите може да ги погледнете ОВДЕ
-
Македонијапред 3 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 5 дена
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Видео емисиипред 3 месеци
Заокружена првата сезона од емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk