Вести
Трауми во домот: Четириесетина случаи на семејно насилство во гостиварско годинава
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/02/semejno.jpg)
Од почетокот на оваа година, во гостиварскиот регион евидентирани се четириесетина случаи на семејно насилство. Оваа појава, која носи сериозни последици останува присутна и сложена за надминување, а менувањето на системот на вредностите во општеството само го отежнува решавањето на проблемот, нагласуваат социјалните служби.
„Постои тој стремеж кон модерно општество за кое реално не сме подготвени. Вредностите претрпуваат промени, во семејствата се јавува криза која може да резултира со насилство во домот“, вели психологот Билен Карахасан.
Искуството на психолозите покажува дека семејствата кадешто постојат пороци, алкохолизам, злоупотреба на дрога или пак одредени психички болести, се под голем ризик од насилство. Како најтежок проблем во справување со малтретирањето го посочуваат оттргнувањето на жртвата од насилникот. Првично, тоа може да оди преку згрижување во шелтер центар, што не е трајно решение. Стручните лица потенцираат дека е неопходно на жртвата да и се пружи помош и поддршка за осамостојување, економска независност и за социјализација.
Освен жени кои се најчести жртви на семејно насилство од сопрузите, неретко се случува малтертирања да трпат и родители од децата или пак баби и дедовци од внуци.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа