Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварските гимназијалци со апел: Стоп за нееднаквости, невработеност, сиромаштија

Објавено

на

Во гимназијата во Гостивар со пригодна активност, испраќање пораки и квиз прашања беше обележан 20-ти февруари, Меѓународниот ден на социјалната правда. Учениците пратија порака дека ќе се борат против секаква социјална нееднаквост, раслојување, насилство и угнетување, дека се против зголемување на сиромаштијата и невработеноста, како и против маргинализирање на одредени категории на луѓе.

-Посебен акцент учениците ставија на социјалната правда во училницата и училиштето потсетувајќи се на цитатот на Хаим Гинот: „Дојдов до застрашувачки заклучок дека јас сум одлучувачкиот елемент во училницата. Мојот личен пристап е тоа што ја создава таквата клима. Моето дневно рссположение е тоа што ја создава атмосферата. Како наставник поседувам огромна моќ животот на едно дете да го направам мизерен или радосен. Можам да бидам алатка за тортура или инструмент за инспирација Можам да понижам или разгалам, да повредам или да разгалам. Во сите ситуации мојата реакција е таа што одлучува дали детето ќе хуманизира или дехуманизира.“ Учениците кажаа дека не сакаат да ги третираат како мозоци што не знаат како да чувствуваат со срца, што не знаат како да мислат.“, вели професорката по хемија Валентина Штерјовска, координатор на проектот Мировно образование на Меѓаши, во чии ракми се организираше денешната активност.

Дел од обележувањето беше и активноста Чекор напред, при која учениците одговараа на прашања врзани со социјалната правда. Во своите одговори тие посочија дека вработувањата не се врз основа на критериуми и квалитет, дека сите немаат еднаква здраствена услуга, дека секое училиште нема подеднакви услови за работа, наставата не е прилагодена за секое дете, професорите користат понижување, сарказам, подсмевање, манифестираст разочараност од учениците и не им служат како модел во однесувањето.
Во проектот се вклучени и професорите Билјана Штерјовска, Мирела Ибраими, Реџеп Чако, Кристина Крушорацки и Миле Апостолоски.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена