Македонија
Децата се „дробат“ за 8-ми Март, а учителките и наставничките не смеат да земаат поскапи подароци од 1000 денари
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2019/03/podar.jpg)
Празникот на жената, 8-ми Март секогаш е проследен со подароци за учителките, наставничките, професорките. Учениците, но и родителите неколку недели претходно се ангажираат за собирање на пари и се пуштаат во потрага по совршениот подарок. На листата на најчесто подарувани се оригиналните парфеми, сребрен или златен накит, декорации и украси за домот…Она што треба да биде симбол на вниманието и почитта кон една жена, цвеќето, за жал се става во сенка на скапите подароци.
Вака е праксата низ гостиварските училишта, но законот вели друго. Според Законот, вработените во јавниот сектор не смеат да примаат подароци поврзани со нивната работа со исклучок на протоколарни и повремени подароци од пониска вредност. За подароци од пониска вредност се сметаат таквите коишто не ја надминуваат сумата од 1.000 денари. Ваквите прописи ги опфаќаат и вработените во образованието. Сепак, речиси сите учителки, наставнички и професорки добиваат подароци кои го надминуваат максималниот определен износ од 1.000 денари.
Најнова „мода“ е купувањето на ваучери од бутици, продавници за накит и чанти, во кој случај целосно се губи смислата на подарувањето во знак на благодарност и почит.
Ако родителите и учениците инсистираат подарокот да биде земен, тогаш правилото е дека тој треба да остане во училиштето. Очигледно е дека законските прописи во делот на скапите подароци во образовните установи не се почитуваат.
-
Гостиварпред 2 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Животпред 3 месеци
Како да се справите со анксиозните и паничните напади?
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа